На улица во Гостивар пронајден починат маж

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Во 10 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Илинденска“ во Гостивар бил пронајден починат 63- годишниот М.А од гостиварско Чегране.

„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид.По наредба на Јавен обвинител ќе се врши обдукција на телото на починатиот“, изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот