На средбата со Трамп дошло цело кралско семејство освен Хари и Меган, еве и зошто

профимедиа

Доналд Трамп и светските лидери синоќа беа на прием во Бакингамската палата кај британската кралица и кралското семејство.

Лидерите пред самитот на НАТО беа пречекани од кралицата Елизабета, принцот Чарлс, Камила, а подоцна на забавата им се придружиле и Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.

профимедиа

Меган и Хари не дошле на приемот, бидејќи наводно се надвор од Велика Британија.

Извор близок на кралското семејство на новинарите им рекол дека семејството Сасекс веќе неколку денови е во Америка и Канада и дека таму го прославиле Денот на благодарноста.

„Меган и Хари го однесоа Арчи на друго патување во САД. Таму го поминуваат времето со мајката на Меган, далеку од очите на јавноста“, велат извори од палатата.

профимедиа

Меган во САД се дружела со старите пријатели кои не го запознале нејзиниот син, а како што откриваат локалните медиуми, се уште не планира да се јави кај нејзиниот татко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот