На Пеп му е јасно по поразот, Сити е подготвен за трансферот на летото
Поразот од Челси во полуфиналето во ФА Купот може да биде вовед во најголемиот трансфер во историјата на англискиот фудбал.
Манчестер сити и Пеп Гвардиола го загубија првиот трофеј сезонава откако во полуфиналето на ФА Купот загуби со минимални 1:0 од Челси.
Гвардиола направи дури осум измени во тимот, но и тоа не му помогна да остане во остане во трка за сите четири трофеи сезонава. Титулата во Премиер лигата им е на дофат, Сити ќе игра во финалето на Лига купот против Тотенхем, а во полуфиналето во ЛШ го очекува пресметка со ПСЖ, но на Пеп Гвардиола му е јасно дека за следната сезона мора да ангажира врвен напаѓач доколку сака да продолжи да освојува трофеи.
Натпреварите со Челси и со Борусија Дортмунд во ЛШ покажаа дека Габриел Жесус не е елитен напаѓач, Серхио Агуеро си заминува на лето, а играњето со лажна „деветка“ се поретко поминува против најдобрите екипи.
Токму поради тоа, Сити не е фаворит во полуфиналната пресметка во ЛШ против ПСЖ кој во нападот ги има неверојатните Килијан Мбапе и Нејмар.
Според англиските медиуми, поразот од Челси ги натера челниците на „граѓаните“ да го одврзат кесето и на лето да тргнат со сите сили по Ерлинг Халанд или Хари Кејн. Прва опција е Халанд, а се чини дека богатите шеици од Обединетите Арапски Емирати, се подготвени да ги исполнат сите финансиски барања на одличниот фудбалер кој повеќе би сакал да игра во Шпанија. Но, Манчестер сити може да му даде поголема плата, а доколку евентуално не успеат да се договорат со Норвежанецот, тогаш од следната сезона нов напаѓач на „граѓаните“ ќе биде Хари Кејн кој најави заминување од Тотенхем доколку екипата не игра во ЛШ следната сезона.