Проблеми за Гвардиола, без клучниот играч против ПСЖ?

Фото: EPA-EFE/Ian Walton / POOL

Манчестер сити остана без трофеј во ФА купот, но далеку поголем проблем може да биде повредата на најдобриот фудбалер на оваа екипа, Кевин Де Брујн, кој ја напушти играта на почетокот од второто полувреме.

Лидерите во Премиерлигата ги очекуваат три важни натпревари во следните две и пол недели, дерби против Тотенхем и полуфинални дуели со ПСЖ во Лигата на шампионите.

Дури и доколку повредата е релативно лесна по природа, тешко може да се очекува дека Белгиецот ќе се опорави целосно за кратко време. Ова на некој начин го потврди и менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.

– Утре ќе биде на лекарски прегледи, но не изгледа добро – изјави Гвардиола по мечот со Челси.

Позитивна околност е што Сити на шест кола пред крајот на сезоната во Премиер лигата му бега 11 бодови на второпласираниот Манчестер јунајтед. Првиот меч со ПСЖ во ЛШ ќе се одржи на 28 април во Париз, а реваншот е на 4 мај на „Етихад“ стадионот.

ВИДЕО: Челси е првиот финалист во ФА купот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот