На Палестинците од Западниот Брег ќе им биде дозволено да дојдат во Ерусалим за Рамазан

Израел денеска соопшти дека ќе им дозволи на Палестинците од окупираниот Западен Брег да дојдат во Ерусалим и да се молат во џамијата Ал Акса за време на светиот муслимански месец на постот Рамазан.

Палестинците од окупираната територија не можеа да го посетат Ерусалим поради ограничувањата на патувањата, што ги воведе Владата на Израел веднаш по нападот на Хамас на јужна израелска територија на 7 октомври, по што започна војната во Појасот Газа.

Денешната вест ја потврди Одделот за координација на владините активности на териториите при Министерството за одбрана, задолжен за палестинските цивилни прашања. Сепак, не е кажано кои ограничувања ќе останат на сила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот