На ОН им се потребни 46,4 милијарди долари за помош во „мрачната“ 2024 година

Обединети нации/ Фото: МИА

Обединетите нации соопштија дека им се потребни 46,4 милијарди долари следната година за помош на околу 180 милиони луѓе ширум светот. ОН соопштија дека глобалната хуманитарна перспектива за 2024 година е „мрачна“, со конфликти, климатски вонредни состојби и економии во колапс што „прават хаос“ на најранливите.

Додека глобалното внимание се фокусира на конфликтот што беснее во Појасот Газа, ОН соопштија дека Блискиот Исток, Судан и Авганистан се меѓу жариштата на кои исто така им се потребни големи операции за меѓународна помош.

„Хуманитарците спасуваат животи, се борат против гладот, ги штитат децата, ги потиснуваат епидемиите и обезбедуваат засолниште и санитарни услови во многу од најнехуманите контексти во светот“, нагласи шефот на ОН за помош Мартин Грифитс во изјавата.

Побарувањата во 2023 година беа 56,7 милијарди долари, но добија само 35 отсто од таа сума, што е најлош финансиски недостиг во изминатите години. Тоа им овозможи на агенциите на ОН да достават помош и заштита на 128 милиони луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот