Андрија Микулиќ / Фото: Јутјуб / ХДЗ / скриншот

На лов го „уловија“ главниот на сите хрватски инспектори – наводно со кумот зеле поткуп од 120.000 евра

Андрија Микулиќ и неговиот кум, според истражителите, зеле 120.000 евра и одредена количина месо за да

Главниот државен инспектор на Хрватска и член на владејачката Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Андрија Микулиќ, е уапсен во рамки на акција на Обвинителството за борба против корупција и организиран криминал (УСКОК). Освен него, приведени се уште три лица. Според информациите на хрватскиот „Телеграм“, Микулиќ во моментот на издавање на налогот за апсење не бил во земјата, но веднаш се вратил во Загреб за да им се стави на располагање на истражните органи. Апсењето било извршено попладнево, по што Владата на Хрватска, на затворен дел од седницата, го разреши од функцијата.

Според хрватските медиуми, Микулиќ бил уапсен додека бил на лов, а тој претходно не бил известен за апсењето од премиерот и негов партиски лидер, Андреј Пленковиќ. Подоцна пристигнале двајцата адвокати на Микулиќ, кои исто така се ловџии.

Вечерва истражителите започнале претрес во домот на главниот инспектор во загрепската населба Дубрава, а Микулиќ бил спроведен на локацијата за време на акцијата. Според „Телеграм“, случајот е поврзан со постапката за нелегално депонирање отпад во регионот Лика. Но, според неофицијални сознанија на „Индекс“, апсењето е поврзано со друг истражуван бизнис, во кој биле уапсени и двајца сопственици на каменолом – Ивица Вугринец, локален месар, и Горан Вечковиќ.

Според истите извори, УСКОК има сомневања дека Микулиќ и неговиот кум примиле околу 120.000 евра како поткуп, како и одредени количини месо, во врска со работењето на каменоломот. Детали од истрагата засега не се објавени официјално, но се очекува проширување на обвиненијата.

Истовремено со апсењето, Владата на Хрватска објави и обемни кадровски промени во државните и јавните компании. Меѓу засегнатите институции се Хрватска пошта, ХЖ Инфраструктура, АЦИ, Хрватска лотарија, Трансмитери и комуникации, како и Хрватската електроенергетска индустрија, што дополнително ја нагласи политичката тежина на денешните случувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот