На Клоп теренот му е виновен за ремито против Фулам

фото: EPA-EFE/Andrew Yates

Главниот конкурент на Манчестер сити за титулата во Премиер лигата, екипата на Ливерпул, новата сезона ја започна со изненадувачко реми од 2:2 на гостувањето кај Фулам.

Иако минатата недела, Ливерпул со 3:1 го победи Манчестер сити во „Комјунити шилд“, денеска во два наврати имаше негатива против повратникот во Премиер лигата и израмнувачкиот гол го постигна во 80 минута.

Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп вината за ремито ја најде во лошиот терен на „Крејвен Котиџ“ стадионот во Лондон.

– Освоивме бод во многу лош натпревар од наша страна. Нашиот став на почетокот од натпреварот не беше добар, а потоа сакавме да возвратиме, но не беше лесно бидејќи теренот беше сув. Резултатот е добар и мислам дека не заслуживме повеќе од еден бод. Можевме и да победиме, но тоа ќе беше премногу – изјави Клоп.

Менаџерот на Фулам, Марко Силва, пак е задоволен од резултатот но и од играта на двојниот стрелец Александар Митровиќ.

– Имав доволно време да се уверам во квалитетите на Митровиќ, тој не постигнува само голови туку и работи за тимот и тоа го прави фантастично. Го тера противникот постојано да биде под притисок – изјави Силва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот