На Ајватовски рид денеска се засадени 1100 багреми и чемпреси
Акциии за пошумување се реализираа во изминатиот период на повеќе локации во рамките на проектот „Зелена Општина Илинден“, а денес се пошумуваше на Ајватовски рид, делот кој беше опфатен со големите пожари и беше уништена шума во површина од 30 хектари,..
Препорачано
Во оваа денешна акција за збогатување и обновување на шумскиот фонд, засадени се 1100 садници од видот багрем и чемпрес, а учествуваа голем број граѓани, ученици, јавните претпријатија, општинската администрација. Целта е да се обнови шумата и заеднички да ја подигнеме еколошката свест за здрава и чиста животна средина чии придобивки ќе ги чувствуваме сите ние но и генерации по нас – велат од Општина Илинден.
Според градоначалникот Александар Георгиевски обврска на секој граѓанин е активно да се грижи за подобрување на еколошката свест, со цел да допринесе да имае чист воздух и здрава животна средина, така што, како што вели ваквите еколошки акции ќе продолжат и во иднина да се реализираат.
Од Илинден нагласуваат дека заштитата и унапредувањето на животната средина претставува еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа.


