Ајлберг Вајнбер фото: Википедија

На 101 година почина Албрехт Вајнберг, еден од последните сведоци на Холокаустот

Албрехт Вајнберг, кој преживеа низа нацистички концентрациони логори и го изгуби поголемиот дел од своето семејство во Холокаустот, почина на 101 година, објави „Гардијан“.

„Откако се врати од Њујорк во својот дом во Источна Фризија пред 14 години, Албрехт неуморно и со неверојатна енергија зборуваше за своите ужасни искуства за време на нацистичката ера и постојано предупредувал дека тие не треба да се заборават“, изјави денеска градоначалникот на германскиот град Лер, Клаус-Петер Хорст.

Вајнберг, роден во Раудерфен во близина на Лер на 7 март 1925 година, преживеал затвор во концентрационите логори Аушвиц, Мителбау-Дора и Берген-Белзен, како и три маршеви на смртта на крајот од Втората светска војна. Со години разговарал со средношколци и со други луѓе за ужасите што ги доживеал.

Зборувајќи минатата година, Вајнберг рече дека спомените од неговите воени искуства сè уште го прогонуваат:

„Си легнувам со тоа и се будам со тоа. Се потам, имам кошмари, тоа е мојот подарок.“

Тој изрази загриженост за тоа што ќе се случи кога тој повеќе нема да биде таму за да сведочи.

„Кога мојата генерација ќе исчезне од лицето на земјата, следната генерација ќе може да чита за тоа само во книгите.“

Вајнберг беше одликуван со Германски орден за заслуги во 2017 година, но го врати минатата година откако парламентот, со помош на крајно десничарска партија, гласаше за враќање на значително повеќе мигранти од границите на Германија. Предлогот го поднесе Фридрих Мерц, сегашниот германски канцелар.

Израелскиот амбасадор во Германија, Рон Просор, кој рече дека добро го познава Вајнберг, му оддаде почит во објава на платформата „Икс“. Тој го нарече „мост – помеѓу минатото и сегашноста, помеѓу болката и надежта, помеѓу мртвите што никогаш не можеше да ги заборави и младите луѓе што ги охрабруваше да ја бараат вистината“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот