МЗТ Скопје дел од иницијативата „Спортистите против коронавирусот“ (ВИДЕО)

– Само заедно, тимски можеме да излеземе како победници против овој вирус – се зборовите на тренерот на популарните штркови, Кочов.

Коронавирусот е противник кој мора да се наттрча, натскока, тактички надмудри и на крајот убедливо да сѐ – победи.

Ова е заедничка борба на сите нас, во која активно се вклучуваат и спортистите, во овој случај и кошаркарите, тренерите, управата и сите останати кои се дел од актуелниот шампион на Македонија и синоним за македонската клупска кошарка на европска сцена, МЗТ Скопје Аеродром.

Почитувани, ве поздравувам, ја поддржувам кампањата „Спортистите против коронавирусот“. Само заедно, тимски можеме да излеземе како победници против овој вирус – се зборовите на тренерот на аеродромскиот клуб, Ѓорѓи Кочов кој воедно е дел од стручниот штаб на селекторот Тодоров.

Популарните „металци“ активно се приклучува на иницијативата #СпортистиПротивКоронавирусот, која веќе отвори наменска сметка за донации:

Жиро сметка : 240577112287787 – Уни Банка

Ја поддржувам кампањата „Спортистите против коронавирусот“. Јас донирав, донирајте и вие – вели кошаркарот на МЗТ и воедно репрезентативец, Дамјан Стојановски.

Собраните средства ќе бидат донирани за обезбедување на заштитни маски и опрема за здравствените работници, кои се во првиот одбранбен ред, како и за обезбедување на средства за дезинфекција и хигиена за социјално најзагрозените лица.

Да покажеме солидарност и хуманост. Овој натпревар го играме за сите наши граѓани, за самите нас, за нашите семејства, за нашите деца. Знаеме што значи тимска игра и сигурни сме дека со заеднички сили ќе го победиме и коронавирусот – информираат од КК МЗТ Скопје Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот