МЗТ Скопје Аеродром ќе игра четвртфинале против босанскиот Широки во АБА 2 лигата

Момент од натпреварот Широки - МЗТ Скопје Аеродром/фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Во натпревар без резултатски императив, актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје Аеродром денеска загуби од домаќинот на турнирот во АБА 2 лигата, Широки од Босна и Херцеговина (79:82), за петто место во првата фаза.

Аеродромци беа во постојан резултатски дефицит во првото полувреме. На средина на втората четвртина, се доближија и на негатива од шест поени (31:25). Но, следуваше серија од 9:0 на домашната екипа, доволна да побегне на највисоката позитива во 20 минути од играта (46:31).

Ништо подобро не играа кошаркарите на Атанасов ниту во второто полувреме. Домашната екипа ги искористи сите слабости во одбраната на „сино-белите“. Поведе Широки и со плус од 23 поени, (62:39) кога се играше 26 минута. На истекот на третиот период, беше нешто пониски 70:51 во корист на домаќините.

Во последните две минути „металците“ направи голема серија од 16:0, стигнаа на само еден посед негатива (77:80). Но, им останаа само, нецели 16 секунди да направат чудо, и да победат. Делалиќ не ја искористи претпоследната прилика на мечот, не погоди тројка која ќе донесеше израмнување. Недолго потоа, при резултат 82:79, шанса за истото доби и Миловановиќ, кој од извесно, една доста тешка ситуација, не погоди за три поени, па победата остана за Широки.

Во редовите на МЗТ Баковиќ реализираше 16 поени, Делалиќ 12, додека В.Стојановски 10.

АБА 2 ЛИГА
ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

ПРВ НАТПРЕВАР – 10 АПРИЛ

Хелиос – Спартак
Сутјеска – Војводина
МЗТ Скопје Аеродром – Широки
Подгорица – Златибор

ВТОР НАТПРЕВАР – 12 АПРИЛ

Спартак – Хелиос
Војводина – Сутјеска
Златибор – Подгорица
Широки – МЗТ Скопје Аеродром

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот