МЗТ лесно се справи со Тиквеш за нова победа во плејофот
Кошаркарите на МЗТ Скопје забележаа сигурна и убедлива победа над Тиквеш со 102-77 во третото коло од плејофот во македонската лига.
Препорачано
Натпреварот почна со поизрамнета игра, при што тимот од Аеродром имаше мала предност по првата четвртина (24-21). Сепак, во втората четвртина МЗТ го наметна својот ритам и со серија поени се одлепи на 52-36 до паузата.
Дилемите околу победникот беа решени уште на почетокот од второто полувреме, кога МЗТ доминираше и направи огромна разлика од 89-51. До крајот, Тиквеш само успеа да ја ублажи негативата и да го постави конечниот резултат.
Најефикасен во редовите на победникот беше Хуан Дејвис со 22 поени, надополнети со 13 скокови и две асистенции, додека кај Тиквеш се истакна Тајрон Хенри со 19 поени, четири скока и две асистенции.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
26мин
-
45мин
-
3час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


