МЗШВ со апел: Следуваат температури под нулата, земјоделците да преземат мерки за заштита на овошките од измрзнување

EPA-EFE/IGOR KOVALENKO

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи ги информираат земјоделците дека во наредните денови 29 и 30 март (среда и четврток) земјата ќе биде зафатена од ниски температури под нулата.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира до земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на овошните насади од измрзнување.

„Минималните температури на 29 март ќе изнесуваат минус 5 степени во Крива Паланка, минус 4 во Ресен и Битола, минус 3 во Прилеп и Тетово, минус 2 во Скопје, Струмица и Кочани, минус 1 во Демир Капија и Штип, додека нула степени ќе биде минималната температура во Кавадарци. За 30 март пак минималната температура ќе изнесува минус 4 степени во Крива Паланка, минус 3 во Битола, минус 2 степени во Струмица, Ресен и Тетово, а минус 1 во Скопје и Прилеп, посочуваат од МЗШВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот