МЗ: Вкупно се ревакцинирани 47% од полнолетните граѓани во државата

Вакцина/ Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Во петокот и саботата аплицирани се вкупно 4.684 дози вакцини, од кои 1.133 се аплицирани како прва доза, 916 се ревакцинирани, а 2.635 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 13 ноември вкупно се вакцинирани 813.782 граѓани, ревакцинирани се 784.833, а трета доза примиле 54.170 граѓани. 56% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58% , а со две дози опфатени се 47% од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот