МВР за протестот на НСП: Незадоволството не е насочено кон МВР, туку кон одредени судови
Министерството за внатрешни работи го почитува и поддржува уставно загарантираното право на протест. Од јавно достапните информации може да се заклучи дека незадоволството кое е изразено преку овој протест, не е насочено кон МВР туку кон постапувањето на одредени судови во процесите во кои полициските службеници ги остваруваат некои свои права, велат од МВР за протестот што денеска во центарот на Скопје го организираше Независниот синдикат на полицијата (НСП).
Препорачано
– Министерството за внатрешни работи постојано работи на унапредување на стандардот на полициските службеници, унапредување на работните услови и враќање на достоинството на полициската професија. Постојано сме во разговори со сите полициски синдикати и заедно се предлагаат и прифаќаат решенија за унапредување на статусот и условите на полициските службеници. Такви идеи и предлози веќе сме имплементирале во Колективниот договор меѓу МВР и Синдикатот на полициските службеници ги користат имплементираните придобивки и подобрувања. Дијалогот со сите синдикати ќе продолжи и заедно ќе изнаоѓаме решенија кои ќе бидат во насока на подобрување на статусот на сите полициски службеници – велат од МВР.
Претседателот на НПС Мартин Ефремов изјави дека судовите во некои градови кажуваат дека на едни полицајци треба да се исплати повеќе плата, а во Скопје велат дека ни е доволна оваа плата што ја земаме.
– Со пресуди, одредени полицајци имаат наплатено и е докажано. За жал, скопските судови велат дека тоа не следува. Тука доаѓа до огромен револт и неизедначување на платите. Платите е многу едноставно да ги пресметате – треба да го помножите бодот со бројот на бодови што ги имаме. Полициски службеник има од 550 бодови па нагоре, а бодот во МВР е 35,47 денари. Со години, полициската плата е многу под минималната. Доколку не се одважат на нашите барања, ќе ги известиме сите наши братски синдикати, амбасади и европски институции и ќе продолжиме со протестите. Нема да се откажеме од тоа што ни следува и од законот – изјави Ефремов на денешниот протест.
Независниот полициски синдикат со претставки за судии и најави за протест


