МВР со детали за денешната трагедија во Гостивар

Јавен обвинител и екипи од МВР и СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ќе вршат увид на местото на пожарот, а по наредба на Јавен обвинител на телото на малолетникот ќе се врши одбукција.

Денеска околу 8 часот во СВР Тетово било пријавено дека во стан на улица „Кеј Вардар” во Гостивар настанал пожар.

Како последица на пожарот, со повреди се здобиле 35-годишната С.Т. и нејзино малолетно дете и биле пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад” за укажување на лекарска помош. Лекарите констатирале смрт на детето, додека С.Т. била пуштена дома. Со интервенција на гостиварската Територијална противпожарна единица пожарот бил целосно локализиран. Јавен обвинител и екипи од МВР и СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ќе вршат увид на местото на пожарот, а по наредба на Јавен обвинител на телото на малолетникот ќе се врши одбукција“, извести МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот