Фото: СВР Тетово

МВР предупредува на засилени контроли, во јули казнети 1874 возачи

Во текот на јули годинава во акциски контроли спроведени на територија на цела држава казнети се 1874 возачи на мотоцикли, пишува МИА.

Од нив, 1266 возачи не користеле заштитна кацига, 308 возеле без возачка дозвола, а 45 мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава.

Како што соопштува МВР, засилените акциски контроли продолжуваат и наредните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот