МВР ќе го регулира сообраќајот поради верскиот празник Задушница

Сообраќајци / Фото: Архива

Поради верскиот празник Задушница денеска, 1 ноември, од 14.00 часот и на 2 ноември (сабота), во периодот од 06.00 до 16.00 часот на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.

Притоа, МВР ги информира граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по ул.„Александар Урдаревски“, во продолжение по локален пат за с.Мирковци до влезот за гробиштата, потоа на ул.„Боца Иванова“ и излегување од ул.„Боца Иванова“ кон ул.„Александар Урдаревски“.

По потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробиштата Ѓорче Петров  по ул.„Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ – по ул.„Јужноморавски бригади“ и ул.„Роман Каскалиевиќ“.

Од МВР апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот