МВР интензивно работи на убиството на докторот од Железара: Сослушани 15 лица и прегледани над 40 камери

Полиција/ Фото МВР

Повеќе од 15 лица се повикани на распит во полиција во врска со грозоморното убиство на матичниот лекар Ацо Трповски, во скопската населба Железара. Трагичниот инцидент се случи во четвртокот доцна навечер.

Според изјавите на МВР, надлежните детално прегледале над 40 видео снимки од различни камери во околината. Дополнително, форензичарите во моментов ги проверуваат возилото и мобилниот телефон на лекарот.

Инспекторите интензивно работат, потврди портпаролот на МВР.

„Извршени се службени разговори со повеќе од 15 лица, а во тек е натамошна форензичка анализа на возилото. Исто така, детално се анализираат телефонските евиденции. Нашата истрага се одвива брзо, а Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во соработка со ПСО неуморно работи на разјаснување на овој случај“.

Матичниот лекар бил убиен со девет убоди од остар предмет, непосредно пред својата ординација, кај поликлиника „Железара“.

Безживотното тело го пронашле синовите на лекарот, откако тој неколку часа не се враќал дома, по завршување на смената на работа. Лекари од Итната медицинска помош само констатирале смрт.

Јавен обвинител издаде наредба за обдукција на телото на убиениот.

Матичните лекари бараат да се истражи кој и зошто го уби доктор Ацо Трповски и велат дека се чувствуваат небезбедни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот