Мундијалска грозница, денеска ждрепка за одредување на групите на СП во Катар

Денеска во Катар ќе се одржи ждрепката за извлекување на групите за СП/ фото: EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Вечерва во Доха со почеток од 18 часот ќе започне ждрепката на која ќе бидат познати групите за претстојното Светско првенство што ќе се одржи во Катар од 21. ноември до 18. декември.

Ова СП ќе биде последно на кое ќе настапат 32 репрезентации поделени во осум групи со по четири селекции и најдобрите две селекции од секоја група ќе играат во нокау-фазата, од идниот Мундијал, во 2026 година што ќе се одржува во САД, Канада и Мексико ќе настапуваат 48 репрезентации.

На идниот Мундијал ќе има 16 репрезентации со по три селекции, од кои 32 ќе обезбедат пласман во нокаут фазатата.

За вечерашната ждрепка репрезентациите ќе бидат поделени во четири шешири кои се одредени според мартовската ранг-листа на ФИФА, а исклучок е домаќинот Катар кој автоматски е носител во групата А.

Останатите носители: Бразил, Белгија, Франција, Аргентина, Англија, Шпанија и Португалија ќе бидат распоредени во останатите седум групи.

Во вториот шешир ќе се најдат актуелниот светски вицешампион Хрватска заедно со Германија, Холандија, Данска, Мексико, Уругвај, Швајцарија и САД.


Нашиот северен сосед Србија е сместена во третиот шешир заедно со Сенегал, Иран, Јапонија, Мароко, Полска, Јужна Кореја и Тунис, додека во последниот шешир се наоѓаат Канада, Еквадор, Саудиска Арабија, Гана и победниците од претстојните баражи, евроскиот помеѓу Велс и Шкотска и интерконтиненталните помеѓу Костатика – Нов Зеланд, односно Пери – Австралија/Обединети Арапски Емирати.

Ждрепката ќе биде полудиригирана и нема да биде можно во иста група да се најдат репрезентации од ист контитент со исклучок на европските од каде што најмногу две селекции од стариот континент ќе може да бидат во иста група.

Ждрепката ќе започне со извлекување на селекциите од првиот шешир, прво ќе се извлекува репрезентацијата па групата во која ќе играат. Потоа ќе следи извлеквањето од вториот, па третиот и на крајот четвртиот шешир.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот