Мултикултурна прослава на Денот на Европа со концерт на Дуке Бојаџиев

Дуке Бојаџиев / Фотографија: Steven Crawford

Делегацијата на ЕУ и „ЕУ Хаус Скопје“ во соработка со меѓународно признатиот македонски филмски композитор, музички продуцент и пијанист Дуке Бојаџиев го одбележуваат 9 мај – Денот на Европа.

На специјалната вечер во Градскиот парк во Скопје, Дуке и неговите еминентни гости, двајца раскажувачи и 20-члениот оркестар на Македонската филхармонија ќе ги изведат најновите дела од неговиот опус, дополнети со нови музички композиции инспирирани од професионалниот и приватен престој на Дуке во Франција и Шпанија во изминатиов период.

Перформансот e спој на неговата оркестарска и филмска музика, фузија на традиционални вибрации од балканскoтo и медитеранскoто музичко поднебје, поддржани со нарација на вечната љубовна поезија на Руми на македонски и албански јазик. Станува збор за уникатно искуство за Денот на Европа, проследено со мултикултурна музичка прослава на љубовта, мирот и единството.

Покрај Дуке Бојаџиев, како специјални гости ќе настапат Бахрамџи, „Медуса Одисеј“, Миријам и Иса, Наташа Петровиќ и Амернис Нокшиќи. Диригент со дваесетчлениот оркестар на Македонската филхармонија е Ана Спасовска.

Настанот ќе се одржи на 8 мај, со почеток во 20 часот, кај Езерцето во Градски парк. Влезот ќе биде слободен за сите посетители.

Концертот е дел од серијaлот настани во организација на „ЕУ Хаус“ со кои се обележува 9 мај – Денот на Европа. Изложби, музички изведби, како и регионална конференција за млади се дел од прославата.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 127, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 7-8 мај 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот