ВИДЕО | Му дошло преку глава: Шварценегер ги засука ракавите и сам поправи дупка на улица

Фото: Принтскрин/Твитер

Актерот и поранешен гувернер Арнолд Шварценегер (75) решил да поправи дупка на улица, дупка која му правела проблеми нему и на неговите соседи.

Фото: Принтскрин/Твитер

„Откако цело соседство се вознемири поради оваа огромна дупка на патот која со недели уништува автомобили и мотори, денеска излегов со мојата екипа и ја поправив. Секогаш велам да не се буниме, ајде да направиме нешто околу тоа“, напиша поранешниот гувернер на Калифорнија на Твитер каде објави видео како ја поправа улицата.

Фото: Принтскрин/Твитер

Инаку, градоначалничката Керен Бас минатата недела објави план за справување со невиден број оштетени улици низ градот. Заклучно со 30 декември 2022 година, Лос Анџелес примил 19.692 барања за услуги за поправки, а до 6 април екипите пополниле најмалку 17.549 дупки, според соопштението.

Луѓето го пофалија актерот и поранешен бодибилдер што ги засука ракавите и сам си ја заврши работата.

„Сакам да го гледам, поранешен гувернер ги поправа дупките“, „Навистина ми се допаѓа! Ова е хит“, „Ми се допаѓа ова! Преземам акција во вашата заедница!“, „Дојдете со мене ако сакате да асфалтирате“, биле само дел од коментарите на обожавателите на Шварценегер.

Шварценегер со автомобил удрил во велосипедистка: Жената е итно пренесена во болница

Најскапиот личен тренер: Шварценегер наплати 300.000 долари за тренинг

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот