Шварценегер со автомобил удрил во велосипедистка: Жената е итно пренесена во болница

Арнолд Шварценегер/ Фото EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Познатиот австриско-американски актер и политичар Арнолд Шварценегер утринава со автомобил удрил жена која возела велосипед во Западен Лос Анџелес, пишува TMZ“.

Според извештаите, до несреќата дошло кога жената излегла на спротивната лента, а несреќата не можела да се избегне.


Жената набрзо била пренесена во болница, додека актерот останал да разговара со полицијата. Според медиумот, истрагата е во тек, но засега според исказите на очевидците нема индиции дека актерот е виновен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Represent (@represent)

По несреќата, Арнолд Шварценегер го зел нејзиниот велосипед, го прикачил за својот автомобил и се упатил до локална продавница за да ја поправи штетата на возилото, пишува TMZ“ и наведува дека ниту еден од нив не бил под дејство на алкохол или недозволени супстанци и дека Шварценегер не возел брзо.

Фотографиите од несреќата погледнете ги ТУКА.

Доволно е само да го погледнете и веднаш ќе сфатите кој е неговиот татко: Освен ликот, ги наследил и неговите страсти!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот