Мртов маж најден на пат

Фото: МИА

Безживотно тело на 67 – годишен маж е најдено покрај пат во тетовското село Рогачево вчера околу 16 часот, соопшти денеска СВР Тетово. На телото немало траги на насилство, но јавен обвинител дал наредба да се направи обдукција.

На патот во селото Рогачево бил пронајден починат Г.К. (67) од Скопје. Од лекар од Итна помош во Тетово била констатирана смрт, без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, информираа денеска од службата за односи со јавноста при СВР Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот