Можните ривали на Металург и Бутел во Европската лига

фото: rkmetalurg.mk

Денеска Европската ракометна федерација објави кои екипи ќе бидат носители, а кои не пред ждрепката за следната сезона во новоформираната на Лига на Европа.

Уште од претходно е познато дека Македонија во ова натпреварување ќе ја претставуваат РК Еурофарм Пелистер (директно сместен во групите), а Металург и Бутел ќе играат во квалификациите.

Металург и Бутел кои своите ривали ќе ги дознаат на 28 јули во Виена (11.00 часот), се наоѓаат во првиот шешир (Зона 1) и не можат да се сретнат во првото квалификациско коло.

Нивни можни ривали се: Горица (Хрватска), С. Винковци (Хрватска), Ѓенѓеш (Унгарија), Доброгеа Суд Констанца (Романија) и ЦСКА (Русија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот