Еурофарм Пелистер директно во групите на Европската лига

фото: seha-liga

Денеска Европската ракометна федерација објави кои екипи ќе се најдат во групната фаза од новоформираната Европска лига (сезона 2020/21).

Во групите директно е сместен Еурофарм Пелистер, а покрај македонскиот претставник на оваа листа се наоѓаат уште Адемар Леон, Ним, Магдебург, Татабања, Висла Плоцк, Динамо Букурешт, Чеховски Медведи, Кадетен Шафхаузен, Татран Прешов, Алингсас и Бешикташ.

Останатите два наши претставници Металург и Бутел ќе мора да поминат две квалификациски кола доколку учество во групите.

Своите ривали во ова натпреварување ќе ги дознаат со ждрепка на 28 јули 2020 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот