Мотоциклист избегал откако удрил 73-годишен велосипедист во Драчево

Велосипеди низ град/Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

Мотоциклист избегал откако удрил во велосипедист вчера во Драчево. Седумдесет и тригодишниот велосипедист се здобил со тешки повреди.

„На 18.03.2024 во 13.20 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ј.Б.(73) од Скопје, со кои се здобил во сообраќајна несреќа. Полициски службеници со него извршиле службен разговор во кој изјавил дека на 17.03.2024 околу 17.00 часот на ул.„Методија Патчев“ во Скопје, додека управувал велосипед, бил удрен од мотоцикл, кој го напуштил местото“, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот