Мота е новиот тренер на Џенова и Пандев – Слободен печат
СпортФудбал

Мота е новиот тренер на Џенова и Пандев

И официјално после заминувањето на Аурелио Андреацоли, екипата на Џенова веднаш го промовираше својот нов тренер.

Станува збор за Тиаго Мота, поранешниот соиграч на Горан Пандев кои заедно со Интер во 2010 година ја освоија титулата во Лигата на шампионите.

Токму 37-годишниот Мота ќе биде новиот тренер на македонскиот репрезентативец и ќе се обиде да го врати клубот на добрите патеки после многу лошиот старт на сезоната во Серија А.

Моментно во најсилното италијанско фудбалско првенство Џенова е на претпоследната позиција, а Мота во шампионатот се очекува да го има дебито на 26 октомври за четири дена дома против Бреша.

Мота нема големо тренерско искуство, претходно го водеше У19 тимот на ПСЖ од Франција.

Како играч се прослави во Барселона, Интер и ПСЖ, со каталонскиот гигант еднаш ја освои ЛШ, двапати „Ла Лига“, со „неро-аѕурите“ една титула во Лигата на шампионите, по еден трофеј во Серија А, ФИФА Светското клупско првенство и Суперкупот на Италија, а со париските „светци“ петпати ја освои Франција и со четири куп трофеи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close