Москва вели дека ги има сите можности да продолжи со снабдувањето со гас во Европа

Александар Новак Фото: EPA

Москва е подготвена да го врати снабдувањето со гас во Европа преку гасоводот Јамал-Европа, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак за државната новинска агенција ТАСС.

„Европскиот пазар останува релевантен, бидејќи недостигот на гас сè уште постои, а ние ги имаме сите можности да продолжиме со снабдувањето“, рече Новак во текстот што агенцијата ТАСС го објави во неделата.

„На пример, гасоводот Јамал-Европа, кој беше запрен од политички причини, останува неискористен“ додаде тој.

Гасоводот Јамал-Европа вообичаено тече на запад, но неговиот правец во голема мера е обратен од декември 2021 година, бидејќи Полска се откажа од купувањата од Русија во корист на пумпање на гас складиран во Германија. Варшава го раскина договорот со Русија во мај, откако претходно го одби барањето на Москва да плати во рубљи.

Рускиот снабдувач Газпром одговори со прекин на снабдувањето. Тој, исто така, рече дека повеќе нема да може да извезува гас преку Полска, откако Москва воведе санкции за компанијата која е сопственик на полскиот дел од гасоводот Јамал-Европа. Новак, исто така, повтори дека Москва разговара за дополнителни испораки на гас преку Турција откако таму ќе се создаде центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот