Соледар, Украина/ Фото: SOPA Images / Sipa Press / Profimedia

Москва: Украина се обидува да навлезе во Белгородската област за да ги наруши разговорите меѓу Путин и Трамп

Русија денеска ја обвини украинската војска за обид за нов упад во пограничните области на Русија, овој пат во западниот дел на регионот Белгород, наводно за да ги расипе разговорите меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп, кои се одржаа денеска, пренесува „Медуза“.

Руското Министерство за одбрана тврди дека украинските сили се обиделе, но не успеале да се пробијат кон градовите Демидовка и Прилесје, наводно изведувајќи пет напади во текот на денот. Руските воени претставници проценуваат дека околу 200 украински војници учествувале во операцијата, иако никој, наводно, не успеал да стапне во регионот на Белгород.

Тој наведува дека ситуацијата во Белгородската област е тешка бидејќи украинските сили масовно користат артилерија во нападите врз населени места. Според него, во областа Краснојарск се регистрирани 29 артилериски напади и 49 напади со беспилотни летала.

Гувернерот додаде дека автобус удрил во експлозивна направа на патот кај селото Графовка, при што биле повредени три лица. Од друга страна, сите руски и проруски канали „Телеграм“ посочуваат дека ситуацијата е многу нејасна без детали за вистинското продирање на украинските сили.

Прогласена е евакуација на цивили во градот Краснаја Јаруга, кој се наоѓа на 11 километри од украинско-руската граница, што укажува дека диверзантскиот упад на украинските сили би можел да биде доста длабок.

Уште во мај 2023 година, украинските сили извршија ограничен упад во регионот Белгород со големи почетни успеси, за да се повлечат во Украина по консолидацијата на руската одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот