Морничава позадина на легендарниот хит: Звучи како љубовна песна, но инспирирана е од хорор сцени од концентрационен логор (ВИДЕО)

Канадскиот кантавтор Леонард Коен е еден од најценетите музичари на 20 век со голем опус и фасцинантна животна приказна.

Роден е и пораснал во Монтреал во еврејско семејство. Во текот на животот проучувал и други религии па пет години поминал во будистички манастир и велел дека му се допаѓа „универзалната фигура на Исус Христос, кој е најдобриот човек кој некогаш одел по Земјата“. Но никогаш не се откажал од јудаизмот.

Една од неговите песни, која на сите им е позната исклучиво како љубовна, всушност е инспирирана од холокаустот, односно од сцените од концентрационен логор. Станува збор за песната „Dance Me To The End Of Love“ од албумот “Various Positions” од 1984 година.

Прочитајте и...  Мачка стана главна ѕвезда на концертот на Филхармонијата во Турција! (ВИДЕО)

„Интересно е како песните почнуваат, бидејќи во сржта на секоја песна постои семе кое некој друг ти го дал или си го земал од светот. Затоа процесот на пишувањето на песната е толку мистериозен. А оваа песна дошла од сознанието дека во нацистичките концентрациски логори покрај крематориумите стоеле гудачки квартети. Тие луѓе биле принудени да свират додека покрај нив се случувал хорор, а и нивната судбина била иста. Свиреле класична музика додека другите затвореници биле убивани и палени. Значи, тие стихови, „Dance me to your beauty with a burning violin“, ја претставуваат убавината на живеењето, крајот на ова постоење и крај на страста во нашата егзистенција. Но тоа е истиот јазик кој го користиме за да ѝ се препуштиме на саканата личност па не е битно која е идејата зад песната, битно е да се почувствува страста“, рекол Коен.

Прочитајте и...  Бела торта (РЕЦЕПТ)

Прочитај повеќе

БИДИ ДАМА, РЕКОА: Го гледавте ли најпопуларното видео во моментов? (ВИДЕО)

Стивен Спилберг сепак не ја поддржува ќерка си да снима филмови за возрасни

Слободен печат

Сè што треба да знаете за купување и ракување со плински боци во домаќинство

Пласидо Доминго им се извини на жртвите кои го обвинија дека сексуално ги злоупотребувал!

Слободен печат

Адел откри кога ќе објави нов албум! (ВИДЕО)

Јасмина Кантарџиева Димков

Ванеса Брајант поднесе тужба против компанијата која е сопственик на хеликоптерот во кој загинаа Коби и Џиџи!

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Бела торта (РЕЦЕПТ)

Слободен печат

Џесика Алба и нејзината ќерка изгледаат како близначки! (ФОТО)

Слободен печат

Кристијано Роналдо ги разнежни фановите на Инстаграм со фотка со децата (ФОТО)

Слободен печат

Навики кои ги уништуваат клетките на нашиот мозок: Престанете со внесување премногу шеќер во организмот!

Слободен печат

Пред пет години ме сретна мене и не зажали: Мартин од „Некст тајм“ денеска има добра причина за славење! (ФОТО)

Слободен печат

Физичката активност која на најдобар можен начин чува од сезонски вируси, еве и зошто

Слободен печат