Момчето што собираше топки и доби клоца од Азар, сега тежи 40 милиони фунти

фото: Инстаграм/Charlie Morgan

Пред девет години, фудбалерот на Челси, Еден Азар за време на натпреварот од Премиер лигата меѓу Свонси и „сините“ удри момче што беше задолжено за собирање на топки кое денеска е успешен бизнисмен со милиони фунти на сметка.

Азар пред девет години со нога го нагази и го удри тогап 17-годишниот Чарли Морган кој со со своето тело се обиде да ја сокрие топката од ѕвездата на Челси во цел да украде неколку секунди за својот тим и предизвика бура во англиската јавност.

Морган по завршување на натпреварот теренот го напушти со болна гримаса држејќи се за колкот, а Азар потоа им се извини на јавноста и на момчето кое вети дека нема да покрене тужба против белгискиот репрезентивец.


Медиумите потоа открија дека Чарли е син на директорот на Свонси и сопственик на синџир хотели, Мартин Морган чие богатство се проценува на 65 милиони фунти.

Инцидентот со Азар на Чарли Морган му донесе 100.000 следбеници на социјалните мрежи, а славата ја искористи за да реализација на својот сон, покрена сопствен бизнис. Тој заедно со Џексон Квин ја формираа компанијата за алкохолни пијалоци „Ау Водка“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charlie Morgan (@charliem0rgan)


Идејата за овој бизнис ја добиле откако ги гледале своите пријатели како отвораат шишиња со вотка на нивните родендени по инцидентот со Азар и својот нов производ, вотката, ја промовираа и преку социјалните мрежи.

Во првите години од основањето на компанијата произведуваа по 2.000 шишиња неделно кои ги дистрибуириаа по локалните барови во Свонси, за по шест години да продаваат дури 35.000 шишиња дневно.

Прометот од 800.000 фунти се зголеми на неверојатни 38,5 милиони и неговата компанија е прогласена за најбрзо растечки малопродажен бренд во Обединетото Кралство.
Морган и неговиот бизнис партнер Квин оваа година влегоа на листата на најмлади милионери на „Тајмс“, тие се наоѓаат на 24 место, а нивното богатство е проценето на по 40 милиони фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот