Молдавски медиум пишува дека се планирал атентат врз Бујар Османи во Тираспол минатиот месец

Фото: Министерство за надворешни работи

Мaкедонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи бил планирана цел на напад за време на посетата на Молдавија минатиот месец во својство на претседавач со ОБСЕ, пишува молдавскиот медиум „Реалитатеа“.

„Според пишувањето на „Реалитатеа“, бил испланиран напад врз Мисијата на ОБСЕ во Бендер, а експлозијата требало да се случи пред еден месец, на 14 февруари, кога претседавачот на ОБСЕ Османи бил во посета на овој регион.

„Реалитатеа“ пишува дека локалните проруски власти во Тираспол, главниот град на Транснистрија – регионот на североистокот на земјата практично отцепен од Молдавија, но непризнаен од ниту една друга суверена земја, ја обвиниле Службата за безбедност на Украина дека го испланирала нападот.

Како што пишува информативниот портал, било предвидено нападот да се изврши со автомобил во кој бил поставен експлозив. Според тврдењето на надлежните, автомобилот требало да биде паркиран во близина на замокот Бендер.

По спречувањето на оваа намера кај Бендер, делегацијата на Османи, која броела околу 20 луѓе, требало да биде нападната на патот за молдавскиот главен град Кишињев, но тогаш сторителот се откажал од идејата да нападне за да не го изложи во опасност сопствениот живот, пишува „Реалитатеа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот