МНР: Позитивен одговор од ОБСЕ/ОДИХР за продолжување со набљудувачката мисија на изборите

Одговорот го добивме и во овој момент можеме да споделиме со јавноста дека е позитивен“, соопштија кусо од МНР.

Од Министерството за надворешни работи информираа дека од ОБСЕ/ОДИХР добиле позитивен одговор на прашањето дали ќе продолжат со набљудувачката мисија во текот на парламентарните предвремени избори.

„Врз основа на договореното на средбата меѓу политичките лидери, МНР стапи во комуникација со ОБСЕ/ОДИХР со прашањето дали постои подготвеност да продолжат со набљудувачката мисија на предвремените парламентарни избори. Одговорот го добивме и во овој момент можеме да споделиме со јавноста дека е позитивен“, соопштија кусо од МНР додавајќи дека повеќе детали ќе објават по лидерската средба во понеделник.

Од МНР посочуваат дека пред да биде објавена во јавноста, со содржината на писмото прво треба да се запознаат политичките лидери.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот