Многу ретко може да се заразиме од домашни миленици, смирува Петличковски

ФОТО: Screenshot\Youtube

Доколку се случи да бидеме каснети од крлеж, треба што побрзо да побараме медицинска помош, а не да се обидуваме самите да ја завршиме работата дома, изјави вечерва на „Сител“, претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски. Оние коишто луваат домапни милкеници можат да бидат мирни. Петличковски вели дека ретко може да се случи да се заразиме од нашите миленици.

Тој истакна дека болеста може да биде многу тешка во голем број случаи.

Кај голем дел болеста ќе помине без симптоми. Кај оние кај кои ќе се јави температура во првите неколку денови, има шанси во 40 отсто од нив, да прогресира болеста и да заврши фатално. Се работи за сериозна болест, потенцираше Петличковски.

Сите крлежи, додаде, не се заразни. На прашање дали може да се заразиме со болеста преку домашни миленици, тој одговори дека тоа е реткост.

– Многу ретко може да се заразиме од домашни миленици. Крлежите што го пренесуваат овој вирус, специфично се закачуваат на голема стока, значи крави, говеда, овци, кози. Тие се нивниот прв домаќин. Теоретски, веројатно можно е и домашните миленици некогаш да пренесат, но, шансите се прилично мали, вели Петличковски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот