Младите У21 надежи ремизираа против Саудиска Арабија

фото: ФФМ

Денеска во вториот натпревар на силниот меѓународен турнир што се одржува во Свети Мартин Мура младата репрезентација на Македонија до 21 година ремизираше со Саудиска Арабија (1:1).

Потсетување дека на првиот меч на турнирот во Хрватските надежите на Драги Канатларовски триумфираа над селекцијата на Албанија (3:1).

На денешниот дуел Македонија има шанса прва да поведе, поточно во 40 минута пенал не реализираше Лука Станковски.

Непосредно пред крајот на првото полувреме ривалите стрелаа за предност преку Фаисал Ал-Хамди (45`).

Израмнувањето се случи после еден час игра кога гол за нашата селекција постигна Марио Илиевски (60`).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот