Младите не сакаат да готват, старите немаат за кого!- шпоретите останаа за украс

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Сеедно со какво оправдување, факт е дека сè повеќе луѓе купуваат готова храна, наместо да ја подготвуваат дома. Гравчето е хит, но добро минуваат и мусаката, сармите, а тавите со ориз и макарони се празни до крајот на паузата за појадок… Се нудат различни видови салати, па дури и чорба. Сè може да се спакува и да се однесе. Откако и студентите добија дневна сума од 140 денари за храна, дел од маркетите приспособија менија што се вклопуваат во сумата до денар.

Некои го обвинуваат „европското“ работно време и многуте обврски, други велат дека им е мака да готват само за себе. Во поранешното нормално, вработените мајки уште невлезени дома, ја врзуваа престилката и се фаќаа за тенџерето… Сеедно со какво оправдување, факт е дека сè повеќе луѓе купуваат готова храна, наместо да ја подготвуваат дома.

Гравчето е хит, но добро минуваат и мусаката, сармите, а тавите со ориз и макарони се празни до крајот на паузата за појадок… Се нудат различни видови салати, па дури и чорба. Сè може да се спакува и однесе. Тезгите за готвени јадења што никнаа на секое ќоше, станаа незаобиколен дел и од големите маркети, им „пресудија“ на кујните, па во некои домаќинства, шпоретите служат само за украс.

„Слободен печат“ излезе на терен да открие што се крие зад масовната понуда на дуќаните со домашни јадења, а она што го забележавме е дека најчести клиенти се младите домаќинки, работниците и пензионерите, кои не можат да си дозволат или немаат време сами да готват. Откако и студентите добија дневна сума од 140 денари за храна, дел од маркетите приспособија менија што се вклопуваат во сумата до денар.

– Младите немаат време, а старите немаат за кого да готват. Последниве години и стандардот на дел од вработените е поголем. Вака им е полесно, иако не е поевтино – се доверуваат жените што се задолжени за подготовка на храната во еден скопски маркет.

– Сакам чорба, ама не знам да ја направам. Сега има голем избор на храна за лажица, а немам време да пазарам, па да готвам. Живеам под кирија и не можам да јадам секој ден сува храна – вели еден градежен работник, кој спокојно си го „сркаше“ појадокот.

Во Скопје има се повеќе места каде што можете да купите храна за носење, а услугата е прилагодена на различните вкусови и достапна за „сечиј џеб“. Во одделенијата што нудат подготвени оброци во маркетите, речиси секогаш има најмногу редици за време на паузите, но граѓаните купуваат подготвени оброци и по завршувањето на работното време, или по часовите на факултет. Се пазарува во ресторани, трговски центри, супермаркети и киосци, но и во специјални продавници. Некои од објектите воведоа специјален попуст на дневно зготвената храна по 16 часот, па тогаш за речиси половина од цената може да се набави солидна количина храна. Се разбира од она што останало од понудата.

– Најголемиот дел од муштериите се млади работници што работат и по десет часа дневно, така што немаат време да готват. Тука се и пензионерите што не можат да си дозволат да готват за своите мали потреби. Но, има и клиенти што земаат порции за целото семејство – вели вработен во еден маркет во Аеродром.

И добар дел од традиционалните скопски ресторани почнаа да нудат опција за нарачка на готова храна и тоа не само скара.

Муштериите, пак, велат дека оброците најчесто ги купуваат онаму каде што им е најблиску и каде што има најголем избор. Цените се горе-долу слични.

– Мене ми одговара. Сама сум и веќе не ми се готви. Треба да стојам зад шпоретот, а и струја не се троши само за една чинија. Помина времето на полните лонци. Сега ми е доволен еден готвен оброк. Се чини дека е малку поскапо, ама кога сè ќе се стави на кантар, пак е поповолно. Дефинитивно не вреди да се пазарува или да се готви за еден – вели една скопска пензионерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот