Фото: facebook.com/macedonianbasketball

Младинските кошаркарски селекции ги дознаа противниците во првата фаза од ФИБА еврошампионатите за 2026 година

Денеска во Фрајзинг беше реализирана ждрепката на групите за младинските европски првенства во кошарка, во која учествуваа четири национални репрезентации од Македонија.

Машката кадетска репрезентација на Македонија, која ќе биде и во улога на домаќин, на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, кое од 6 до 15 август ќе се игра во нашиот главен град, ќе биде дел од групата „Б“.

Покрај нашата селекција, во ова друштво се и Украина, Швајцарија, Хрватска, Исланд и Кипар.

Селекцијата на Македонија за кошаркари „Под 18“ години ќе биде дел од ЕП од Дивизијата „Б“ кое од 24 јули до 2 август ќе се игра во Хрватска, поточно во Риека и во Опатија. А во првата фаза на турнирот во Хрватска, ќе се соочат со противници како што се Шведска, Унгарија, Босна и Херцеговина и Грузија, кои се дел од групата „Д“.

Ова лето, нашиот младински национален тим ќе патува за Словачка, конкретно, до Братислава, каде во периодот од 10 до 19 јули. ќе се игра евро-шампионатот од Дивизијата „Б“, за кошаркари „Под 20“ години.

Првата натпреварувачка фаза нашите младинци ќе ја стартуваат во групата „А“, во која се најдоа и националните тимови на Шведска, Ирска, Словачка и Азербејџан.

Женскиот младински репрезентативен сегмент ова лето ќе го претставува нашата селекција „Под 18“ години.

Нашите најдобри јуниорки ќе играат на евро-шампионатот од Дивизијата „Б“ во романската Тулчеа, во период од 31 јули до 9 август. Ждрепката ги постави во групата „Д“ во која се уште националните селекции на Грција, Словачка, Велика Британија и Данска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот