Млад скопјанец и негов другар грабнале 17-годишна девојка, насила ја внеле во автомобил

Рано утрово во близина на Олимпискиот базен, полицијата уапсила 21-годишен жител на Скопје, под сомнение дека ја грабнал својата 17-годишна девојка, насилно внесувајќи ја во автомобил со помош на негов другар, соопшти полицијата.

„На 30.05.2023 околу 02.30 часот, полициски службеници на СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Б.(21) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 20.00 часот на 29.05.2023 на ул.„Мирче Ацев”, заедно со Б.П.(21) од Скопје со употреба на сила внеле во возило 17-годишна малолетничка од Скопје , со која Б.П. бил во љубовна врска, а набргу потоа Б.П. и малолетничката се симнале од возилото и заминале“, пишува во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот