Митровски: Започнуваме интернет платформа за обезбедување онлајн правни совети (ВИДЕО)

Онлајн правно советување е идеја на која подолго време работиме. За прв пат во Македонија се имплементира ваков проект. Комуникацијата на платформата на почеток ќе се одвива со мене, а во иднина кога ќе ја прошириме истата со други адвокати ќе има опција и лично на кој адвокат ќе сакате да му се обратите, како и областите во правото, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Јанаки Митровски, адвокат.

Тој објасни како функционира правната платформа за сите оние кои се заинтересирани да остварат контакт, со цел да добијат правно решение на легален проблем, доколку е од доменот на потесната специјалност на адвокатите кои се дел од овој проект.

-Одберете еден од слободните термини од календарот и внесете ги Вашите податоци онака како што се наведени во означените полиња. Опишете го вашиот легален проблем или правно прашање во означеното поле, и прикачете ги сите документи кои се потребни за одлучување. Задолжително наведете дали сакате скајп состанок или одговор по емаил. Рок за одговор е 24 часа. Доколку вашиот правен проблем не е од доменот на потесна специјалност на адвокатите со кои соработуваме, барањето ќе биде одбиено, а резервираните средства ќе ви бидат вратени, додава Митровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот