Митревски најдобар голман на месецот во СЕХА (ВИДЕО)

фото: СЕХА

Чуварот на мрежата на Еурофарм Работник е најдобар голман за октомври во регионалната СЕХА лига.

Битолчанецот собра вкупно 48 интервенции во регионалната лига во овој месец и избран е за најдобар голман.

Моментно во групата „Б“ екипата предводена од тренерот Стевче Алушовски славеше против Спартак Москва, Металопластика и Веспрем, а загуби од ППД Загреб и Мешков Брест.

Воедно сезонава битолскиот клуб дебитира и во Лигата на шампионите, по пет кола има една победа и четири порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот