Мистериозно исчезнување на Босанец во Австрија: Пронајден на 1.200 метри надморска височина, никој не знае како стигнал таму
Во петокот полициската станица во австрискиот град Фриах пријавила исчезнување на 72-годишен државјанин на Босна и Херцеговина, кој исчезнал од куќата на својата ќерка, која дошол да ја посети, пишува Независне.
Препорачано
Ќерката пријавила дека нејзиниот татко кој пристигнал пред неколку дена излегол од куќата околу 11 часот без пари, документи и инсулин, од кој зависи неговиот живот. Во потрагата се вклучиле и спасувачки тимови со кучиња трагачи, ловечки клуб, Здружението на Самарјаните од Каринтија и пожарникари.
По неколку часа ловџиите откриле траги во снегот, а спасувачките екипи се упатиле кон јужниот дел на шумата во Велахо. Некаде околу осум часот навечер наишле на повеќе траги. Членовите на Здружението Самарјани веднаш почнале да го пребаруваат овој простор. Конечно го нашле повреден, во состојба на хипотермија (надвор беше -7 степени). Се уште не е познато како успеал да достигне висина од 1.200 метри. Откако го пронашле, веднаш бил преземен од спасувачка екипа.
-Сакаме да им се заблагодариме на ловечката заедница и на сите спасувачки организации за нивната исклучително координирана и професионална соработка“, велат од Здружението „Каринт Самарјан“.


