Мирчевски за херојскиот потег во песочната бура: Зад нас се удри камион, избегнавме несреќа

Фото: TSC Backa Topola/Screenshot

Македонскиот фудбалер кој настапува за тимот на ТСЦ Бачка Топола, Мартин Мирчевски заедно со своите соиграчи спречиле поголема катастрофа откако налетале на песочна бура поради која се судриле дури 12 автомобили.

Во изјава за „Слободен печат“, Мирчевски раскажа што се случувало и како тие имале среќа да избегнат несреќа.

„Се направи песочна бура, за среќа ние застанавме пред сообраќајката каде што веќе имаше неколку автомобили. Се тргнавме десно од патот и по неколку секунди зад нас се удри камион, тука избегнавме несреќа. Излеговме од колата и почнавме да ги запираме автомобилите да не се удрат и им помагавме на луѓето. За среќа немаше потешко повредени и загинати, набрзо стигнаа брзата помош и полицијата“, изјави Мирчевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот