ВИДЕО | Македонскиот фудбалер Мирчевски спречил поголема катастрофа во верижен судир во Србија

Македонскиот фудбалер кој настапува во српското првенство во тимот на ТСЦ Бачка Топола, Мартин Мирчевски заедно со уште свои четворица соиграчи постапиле како вистински херои во голем верижен судир кој се случил на сверот од Србија.
Во верижниот судир учествувале дури 12 возила, а имало и камион. Несреќата настанала поради песочната бура од која видливоста на патот била премногу мала. Мирчевски заедно со соиграчите во тие моменти се враќал од тренинг и кога налетале на бурата одлучиле да стопираат возила кои не биле свесни за опасноста пред нив, па така спречиле уште поголема катастрофа.
Fudbaleri TSC-a (Antonić, Đakovac, Čalušić, Mirčevski i Filipović) naleteli na lančani sudar i kada su videli da nadolazeći automobili nisu ni svesni šta ih čeka izašli su napolje, zaustavljali ih i verovatno spasili nekoliko života! 👏❤️ pic.twitter.com/NS7JtXH7j8
— Mozzart Sport (@MozzartSport) March 29, 2023
За среќа во несреќата немало загинати, а повредените биле пренесени во најблиската болница. За инцидентот изјава за „Моцарт Спорт“ даде капитенот на Бачка Топола, Горан Антониќ.
„Кога се враќавме од тренингот ветерот крена голема прашина и видливоста беше многу мала, ја намаливме брзината, но за малку и ние ќе учествувавме во несреќата. Низ облакот прашина се пробивме на другата страна кога налета камион на еден од автомобилите кои беа на патот.
Се тргнавме од патот и се симнавме во каналот од каде што забележавме дека и други автомобили се приближуваат и незнаејќи дека пред нив има голем судир. Истрчавме до автомобилот и почнавме да ги запираме, во меѓувреме повикавме брза помош, пожарна и полиција“, изјави Антониќ.