Миовски собра уште едно признание – играч на колото во Шкотска!

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски игра одлично во Абердин, а откако постигна два гола за викендот доби место тимот на колото.
Сепак, местото во тимот на колото не беше единственото признание за Миовски, тој е избран и за играч на колото во шкотското првенство.
Миовски со двата гола му донесе победа на Абердин против Мотервил од 3:1, а ги постигна во период од пет минути. Во овој момент Mиовски е трет стрелец во првенството со 14 постигнати голови.
„Македонскиот маестро Бојан Миовски одигра одлично во победата на Абердин. Тој е ѕвездениот човек оваа недела“, стои во краткото објаснување за македонскиот фудбалер.
🌟 @AberdeenFC‘s Bojan Miovski has been named as Star Man in the SPFL #TOTW!
Read more 👉 https://t.co/eTiYz8QfWH#cinchSPFL | @cinchuk pic.twitter.com/3c3RIZwwIz
— SPFL (@spfl) February 7, 2023