Фото: Артан Груби / Фејсбук

Министрите на ДУИ поднесоа оставки до Ковачевски, ќе важат ако се изгласаат уставните измени

Ние, министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција, поднесуваме оставки од функциите што во моментов ги извршуваме“, се вели во писмото на министрите од ДУИ доставено до премиерот Димитар Ковачевски. Ова го изјавил претседателот на ДУИ Али Ахмети по средба со дијаспората во Тетово.

Дека министрите писмено го известиле премиерот за оставките потврдија  за „Слободен печат“ министри од ДУИ.

-Оставките, г. премиере, автоматски се ефективни во моментот кога опозицијата ќе ги изгласа уставните измени“, се вели во дел од писмото кое го испратиле министри на ДУИ до премиерот Димитар Ковачевски.

 

Понудата дека ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ, доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада, првпат ја спомена шефот на дипломатијата Бујар Османи по лидерската средба помеѓу премиерот Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Османи вчера во брифинг со новинарите повтори дека понудата е на маса ако опозициската партија ги гласа уставните измени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот