Министерството за животна средина преку проект ќе се справува со аерозагадувањето во Скопје, Куманово, Битола и Тетово

Аерозагадување во Скопје загадување на воздухот
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Постојано се преземаат мерки против аерозагадувањето, во рамките на оние надлежности што ги има Министерството за животна средина, изјави министерката Каја Шукова.

Шукова одговарајќи на новинарско прашање истакна дека во моментов се почнува и нов проект, со кој се опфаќаат Скопје, Куманово, Битола и Тетово, кои се четири позагадени градови.

-Имаме повторно мерки за замена на нееколошки системи за греење, со еколошки системи за затоплување, некаде околу пет и пол милиони евра. Тоа е значителна сума на пари, иако станува збор за четири општини, ќе набавиме и неколку еколошки автобуси за град Скопје, исто во рамките на проектов, мислам дека се пет или шест автобуси и ќе одиме повторно со зазелување на нови зелени површини во овие четири општини, рече Шукова.

Таа истакна дека апелираат и општините во своите буџети за 2024 година да предвидат средства за субвенционирање, особено домаќинствата за замена на грејните тела во еколошки.

Скопје почна да се „гуши“, денеска е седми најзагаден град во светот

Шукова вели дека и како министерство размислуваат во 2024 година да финансираат за вакви мерки, а апелот до граѓаните постојано го упатуваат да не се горат пластики, отпадни масла и паркети и секој ако придонесе по малку, како што вели Шукова, ќе добиеме едно цело.

Министерката за животна средина и просторно планирање Шукова истакна дека во ниту една метропола проблемот со аерозагадувањето не се решил во една или две години, а во земјава се уште има јавни објекти кои користат нееколошки системи за затоплување.

Прашана за субвенциите кои ги даваат некои скопски општини за огревно дрво, Шукова вели дека ако огревното дрво е одлежано и суво прави помало загадување, а поголемото загадување го прават влажните дрва.

Што се однесува за мерните станици кои не работат низ град Скопје, Шукова вели дека се спрема тендер за набавка на резервни делови за овие станици, за кои многу често се расипуваат деловите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот