Фото: МИА

Министерството за здравство се сретна со претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза

По денешната прес-конференција на Асоцијацијата за цистична фиброза на која реагираа дека Министерството за здравство не воспоставило контакт со потребната компанија која го набавува лекот „Трикафта“, а не се работи ниту на програмата за обезбедување на лекот за останатите пациенти, Министерството соопшти дека примиле претставници од Асоцијацијата.

Како што информираше МЗ целта на дискусијата била запознавање со процесот со кој Министерството веќе активно работи на изнаоѓање сеопфатно решение за овие пациенти. За таа цел, нагласува МЗ, е ангажирана работна група која од пред две недели работи на случајот.

Претставници од Асоцијацијата исто така ќе бидат повикани и на состанок со работната група за директно да бидат вклучени и запознаени со предизвиците и чекорите потребни за да се стигне до решение за оваа ранлива категорија, се наведува во соопштението на МЗ.

Претходно, на прес-конференцијата на Асоцијацијата, претседателот Фики Гаспар најави дека доколку повторно институциите немаат слух за нивните барања, по празниците ќе се одржи протест за да покажат дека не се задоволни.

Набавката на лекот за 12-те најкритични пациенти, кои покажуваат одлични резултати, според нив била само да се смири јавноста за да може да се одложи процесот. Исто така, смртта на Благојче направи да се донесе лекот за најкритичните пациенти, но мотивацијата застанала таму.

Се смири јавноста, ние излеговме со убави резултати и во јавноста се појави слика дека завршивме со тоа, но ние сме далеку до тоа, додава тој.

Надлежните институции ги заборавија пациентите со цистична фиброза

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот