Мини шенген и макси проблеми

Има една песна ‘‘не гледај ме тако и не љуби ме више‘‘ од Бијело Дугме. Во еден стих вика ‘‘и твоје су очи зелене и снене као некад њене‘‘. Историјата ја враќаме назад кај што застанавме.

Уште пред една година пишував дека иднината на овој регион е прво во микроинтеграции, а тек потоа онака ‘‘барабар‘‘ сите у Европа. Во меѓувреме цел регион да простите ‘‘ ќе го скинат  с‘ К*рца‘‘ со понекој голем кредит за микроповрзување на инфраструктурата и пеглање на некое ново ‘‘братство –единство‘‘ во кое ќе се сакаме како никој до сега. Ќе се правиме како да не сме се испозаклале ‘‘тазе‘‘ историски, не сме се исповреѓале и испоплукале. Башка ќе ги ставиме мапите на големи србии и албании и ‘‘тебе-мене‘‘ комбинации у фиока. Нејсе. ‘‘Викај ураа и бегај назад‘‘! Јадел овој регион и поголеми колбаси.

Иницијативата на српскиот премиер Вучиќ за некаков мал ‘‘Мини Шенген‘‘ во кој ќе се развива слободен проток на стока и услуги, е секако симпатична и за поздрав. Како таа би функционирала?

Пред се не смееме да замижиме пред податокот кој вели дека трите држави се економски и социјално ‘‘ у офсајд‘‘ по многу елементи. Дека отварањето на пазарот е чекор што ќе им помогне на сите ‘‘да отворат очи‘‘, тоа не треба да се дискутира. Арно ама.  Дали на меѓусоседско политичко ниво сме спремни да влеземе во некаква заедничко патување во време на сеуште неиздестилирани внатрешни економски бариери сам со себе да функционираме

Мисли ли некој дека ‘‘оние одозгора‘‘ се мутави?! Они точно знаат на што ‘‘ не увлакаат‘‘!

Не еден, туку десет датуми за преговори да добиеме барабар со Албанија, ние секако ќе ја чекаме и Србија. Како ќе се одигра тоа? Просто. Ќе ни сервираат на нас ‘‘копук државите‘‘ игра во која треба да покажеме дека можеме да функционираме во некаква заедничка рамка и албанецот со србинот може да прави ‘‘ сана – бана‘‘ (tebe-mene/tur) трговија и метании, за македонците нема никаков проблем зашто и онака кичмата се витка на сите страни, а тајкуните ионака се поврзани ‘‘ко свински црева‘‘.  Треба да си апсолутно наивен да не признаеш дека бездруго до сега се правени сите ‘‘ сана-бана‘‘ комбинации, ама тие треба да се легализираат за да се види дека‘‘ еве бе, Европа е тука‘‘.

Европа е одамна тука друже, уште во времето од кое не три, туку шест држаави заедно функционираа ( пардон и две покраини). Арно ама, во случајов меѓународната заедница многу повеќе игра ‘‘геополитика‘‘ отколку регионална економија. Демек, на Вучиќ му текнало така сабајле се разбудил, па си рекол ‘‘ќе праам Шенген жими се‘‘! Само на овца може да и продаеш таква приказна, во време во кое сите висат во Стразбур и Брисел. У кој филм не фрлаат сега после неколку стотици жртви на една од најкрволочните војни на абалканот. Ама ако! Подобро така отколку да ни тутнат повторно пушки у рука.

Дали ќе се испегла Косово со овој потег? ‘‘У ком је грму зец Вучиќу‘‘?

Нема тука ни зец ни грм. Има само мудар потег во кој многу капчиња ќе си се стокмат на адекватна светната глава под балканското сонце. Косово ќе се доведе на немање многу простор за маневри освен себе си да се усмери во ‘‘мини шенгенска осмоза‘‘ во која сакало нејќело протокот на стока, услуги, пари и идеи ќе биде единствената политичка водилка. Самиот тој процес ќе наметне решавање или барем изнаоѓење на компромисни решенија за горечките нешта. Инвестициите на воспоставување коридори на соработка вклучително ќе инсталираат  и ПР ( Joint Venture) механизми на ‘‘што ни требаше тепањето‘‘!!! Оп! Ете ти уште нови ‘‘Невладини- ова она,.. ее-хеее)! Да заработи и студентарија за џепарлак и да напраи некоја журка!

‘‘ Ајмо Балкане, позанимавај се још мало сам са собом!‘‘

А тоа аќе трае онолку колку што ќе и треба на Европа пред се да се консолидира себе си!

Па потоа, откако најмалку 10 пати ќе наоѓааат недоволно исполнети услови во преговорите, а гарантирам тоа ќе биде од 5 – 10 години, ќе не држат ‘‘на кумплунг‘‘ гледајки дали ние стварно можеме да функционираме меѓу себе за да можеме да функционираме со нив! А таа,.. Европа, своето функционирање или ќе го доведе до United European States или ќе се распадне. Ние до тогаш ќе се засакаме пак во стилот ‘‘Прозор мора пасти брачо‘‘, па за нечии потреби еден ден пак ‘‘ќе не растура некој‘‘. А ние ќе пееме партизански песни. Ќе опевуваме некој друг Боро и Рамиз.

Во меѓувреме богатите ќе стануваат само побогати а сиромашните ‘‘ќе трчаат по Европа‘‘. Тежината на ‘‘Via Dolorosa” ќе мора пак да ја носи средната класа која е на ‘‘резерва‘‘!

Ако добро размислиме, трите од спомнатите држави се на тапет на јавноста по основ на корупција, криминал, непотизам и сто други ‘‘зврчки‘‘. Како би функционирала една заедница на ‘‘слеп води чоравог‘‘. Сакале ние или не, отварањето на ова прашање не може а да не доведе до модели во кои не само трговијата туку и политиката ќе треба да се адаптира на начин кој дозволува функционалност. Како? Народот не им верува на сопствените ‘‘чауши‘‘, па камо ли на нивниот ‘‘Dirty Dancing‘‘!

Кои се фазите на развој на овој Shengen Decameron?

‘‘Из све снаге на сва чула‘‘ е втората фраза  на Дугме што ќе ја спомнам. Ооо-рук! Државите од балканот имаат премногу проблеми фрлени под тепих, големи нерешени проблеми. Ќе има ли заеднички некакви институции? Ќе ‘‘го јаде ли стапот‘‘ некој тежок лопов? Ако се отвараат граници, како ќе изгледа амбиентот на ‘‘ улица ме храни, а полиција ме брани‘‘?

Што ќе правиме со сеуште јакиот шмек на ултранационализми? Или, сепак на крај како што мирисаат нештата, ќе бидеме најсреќни на светот затоа што сме добиле нешто?

ТОА НЕШТО ОДАМНА СМЕ ГО ИМАЛЕ. Се викаше Југославија,.. Не треба да не учи некој што треба да правиме,… ние чекаме ДА НИ ДОЗВОЛАТ, тоа да го правиме. Што дочекавме, с‘ опроштење ‘‘ па људи моји јебо вас Шенген усред Балкана! Ние сме со векови ‘‘ШЕНГЕН‘‘!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот